ММС

Објавено на: 07/30/21 6:52 AM

Гори небо и земја – Огнена Марија носи температура до 43

Денес е Огнена Марија, која во православниот календар не е забележана со црвени букви, но се слави како домашна слава и поради големите горештини  „гори небо и земја“ не се работи ништо и не се излегува од дома. Овие зборови од преданието за маченицата Марија денес се преточени во препораките на УХМР и Министерството за здравство. А тоа е дека температирата е натпросечно висока и без потреба да не се излегува од дома.

Според УХМР времето денеска ќе биде  сончево и натпросечно топло,  максималната температура ќе достигне до 43 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.  Ова време, како што информираат од УХМР, под влијание на многу топла воздушна маса од југ ќе биде вакво до 6 август. Тоа значи дека ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Од МЗ, пак, и понатгаму остануваат препораките д не се излегува од дома без потреба, без вода и без чадор. Да се јаде лесна храна и да се пие многу вода.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1