ММС

Објавено на: 07/29/21 10:35 PM

„Фала му на Господ, без него немаше да биде ништо“ – Со химната пречекан Дејан на плоштад

Вечерва на плоштадот „Македонија во Скопје илјадници граѓани излегоа да го поздрават олимпиецот Дејан Георгиевски, кој ни донесе сребро од Олимписките игри и со огримоен аплауз да му се заблагодарат за радоста која ни ја донесе. Како што доликува на победниците, така и Дејан помина низ Триумфална капија и пред да им се обрати на среќните луге се испеа химната, која Дејан со рака на срце ја пееше.

 

-Добровчер победничка Македонијо!  Фала му на Господ, тој е прв со нас и без него немаше да биде ништо. Мојот тренер Дарко Костовски, тој е оној што го гледавте на трибините и го торшеше последниот атом да ми даде енергија и сила, тогаш кога ми беше најптребно. Тој почна со мене од пионер, до кадет и многу каактеристики ги прифакам од него. Борче Костовски, доктор и на луѓе а и на таеквондо, кој ја прави стратегијата толку прецизно. Фала на мајка ми и татко ми, брат ми Коки кој е капитен на нашиот клуб и сестра ми Ана Марија која од почеток е со мене.

Ветивме златен, но земавме сребрен. Но, ветувањето дека ќе донесеме медал го исполнивме. Го скршивме мразот и сите наредни Олимписки игри ќе имаме многу повеќе претставници и не само да учествуваме туку и да донесеме медал.  Да сте живи и здрави и пак да ја израдуваме Македонија, рече на крајот Дејан, за кој специјално повторно беше пуштена песната „Виши соколе“.

Погледнете низ фотографии дел од атмосверата:

Весна Миленковска

Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1