ММС

Објавено на: 07/29/21 6:22 PM

Додека Европа гори, во Бразил снежна апокалипса – Снег ја парализира државата

Историскиот студен бран минува низ Бразил и веќе донесе снег во државата Рио Гранде до Сул на крајниот југ од земјата, објави порталот „Г1“.

Метеоролозите предвидуваат температури до минус 10 Целзиусови степени, а рекордно ниски температури се очекуваат во југоисточните градови утре и сабота на 31 јули.

Температури под минус седум степени Целзиусови се регистрирани во 30 области во државата Санта Катарина, а властите во Рио де Жанеиро регистрираа бранови високи четири метри.

Медиумите пренесуваат дека денеска паѓал снег во најмалку 13 бразилски градови, вклучувајќи ги Пелотас, Сао Франциско де Паула и Карлос Барбоса, а на некои места паѓал и град.

Се очекува студот да влијае на посевите на кафе следната година, бидејќи студениот бран го погоди „центарот на појасот за кафе“ во Бразил.

Извор: Србијаданас.ком


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1