ММС

Објавено на: 07/29/21 3:59 PM

(Видео/галерија) Деки, мајсторе!

Таеквондо мајсторот Дејан Георгиевски го донесе денес во Македонија среброто од Олимписките игри во Токио. Дејан пристигна на скопскиот аеродром попладнево, а беше пречекан од семејството, од жителите на Бутел, обожаватели и Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт.  Големи радости и убава енергија за пречек на среброто на Дејан.

Пред да слета авионо со знамиња и песни се собраа да го пречекаат извикувајки „Деки мајсторе!“ и „Македонија!“.

Главната прослава е вечер на плоштадот „Македонија“ во Скопје, а каква беше атмосверата на Интернационалниот аеродром – Скопје, и во панорамскиот автобус каде се возат победниците погледнете низ фотогалеријата:

 

Весна Миленковска

Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1