ММС

Објавено на: 07/29/21 2:32 PM

Се наближува новиот бран на Ковид 19 во тетовско

Се наближува новиот бран на Ковид 19 во тетовско.Бројките потврдуваат. Се поголем број на хоспитализирани пациенти како и позитивни случаи. Граѓаните премногу се опуштија, велат здравствените работници.

Моментално на инфективното одделение при Клиничката болница Тетово се хоспитализирани 11 пациенти, сите со тешка клиничка слика и на кислородна подршка. Инфектолозите велат дека пациентите ја прават истата грешка како претходно, многу доцна се јавуваат на лекар, речиси кога се во крајната фаза од болеста.

-Тие треба веднаш да се јават, веднаш да се започне со терапија да не се лечат на своја рака и да не одат на приванти лекари,затоа што времето многу ни значи, рече д-р Фанка Дијуженко инфектолог во Инфективно одделение при Клиничката Болница Тетово.

Пандемијата не е завршена, велат здравствените работници. Сите го очекуваме наесен новиот бран, а сега кога треба да бидеме најдисциплинирани, ние се олабавивме.

-Од странство дојдоа многу луѓе, многу свадби, многу луѓето се олабавија на тие веселби, рече д-р Фанка Дијуженко инфектолог во Инфективно одделение.

Инаку во тетовско има 90 активни случаи, а бројот на амбулантски прегледи на пациенти со симптоми на вирусот постојано се зголемува, што според искуството ќе резултира со што поголем број на позитивни случаи на дневна основа, што е реланост веќе неколку недели.

Зоран Димоски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1