ММС

Објавено на: 07/29/21 12:37 PM

Тешка сообраќајка во Куманово – едно лице загина

Тешка сообраќајна несреќа се случила во Куманово, четириесет и осумгодишен кумановец починал од здобиени повреди, а други две лица се повредени. Несреќата се случила вчера, кога возило удрило во паркиран автомобил на булеварот „Трета македонска ударна бригада“, соопшти денеска МВР.

– Вчера, околу 13.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булеварот „Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „форд фиеста“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 70 -годишниот М.П. од Куманово, удрило во паркирано патничко возило „сеат толедо“, со кумановски регистарски ознаки и во Т.М.(34), А.Љ.(50) и А.Х.(48), сите од Куманово, кои влегувале во возилото, информираше полицијата.

По незгодата тројцата биле пренесени во Општата болница Куманово, каде што на Т.М. и А.Љ. им биле констатирани телесни повреди, а А.Х. им подлегнал на повредите. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1