ММС

Објавено на: 07/29/21 12:07 PM

Пронајдена дрога во Охрид , едно лице уапсено

Упасен ресенчаец во Охрид поради дрога, иформираат од полицијата.

-На ул.„Димитар Влахов“ во Охрид, синоќа полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.К.(31) од Ресен. При контрола во патничкото возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја, соопштија од Министерството за внатрешни работи.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1