ММС

Објавено на: 07/29/21 11:36 AM

(Видео) „Кога бев млад излегував во Тропикана во Скопје“ – Заев, Шилегов, Рама и Вучиќ на прошетка низ метрополата

Претседателот  на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама влера заедно со премиерот Зоран Заев и градоначалникот Петре Шилегов се прошетаа низ Скопје. Прошетката почна на Кеј а продолжи на Плоштадот „МАкедонија“. По пат лугето ги застануваа познатите политичари, баа селфи со нив, се поздравуваа и секако правеа шеги. Срто тоа го забешежи камерата на телевизија „Пинк“.

Шетајки се Вучиќ откри дека одамна не се прошетал вака, уште од млади години.

„Не паметам кога последен пат сум бил овде. Кога бев млад. Но, многу е сменето оттогаш. Тогаш излегував во едно кафуле „Тропикана“, но сега не знам, не се сеќавам каде е ниту би се снашол овде“, вели Вучиќ.

Новинарката тогаш го праша Заев каде се наоѓа кафулето, но тој рече:

„Не знам каде е. Јас сум од Струмица и не го познавам баш многу добро Скопје. Ама не е во центарот на градот, сигурно“, рече тој.

Додека да ја завршат прошетката и да се одморат во кафуле, по пат имаше уште многу коментари и шеги. Како одеше прошетката на Заев, Шилегов,  Вучиќ и Рама низ Скопје погледнете во видеото:


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1