ММС

Објавено на: 07/29/21 10:52 AM

Не сме глупави да мислиме дека некој друг ќе ни ги реши проблемите, рече Александар Вучиќ

Вучиќ: Од 1 јануари 2023 да нема граници меѓу нас

Српскиот претседател Александар Вучиќ на економскиот форум во Скопје откри дека заедно со македонскиот премиер Зоран Заев и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама си дале задача до 1 јануари 2023 целосно да ги кренат гранични рампи и за само 17 месеци да создадат модерна економска унија на Балканот.
– Ќе тргнете од Белград до Тирана преку Ниш, Скопје и никој нема да ве сопре по пат. Планирани се попусти за нашите граѓани за возни билети, ресторани, хотели…Да почувствуваат дека кога се во друга земја можат да заштедат. Кога тргнавме со иницијативата мислевме дека ќе ги смениме работите на Балканот. Размислувсвме за тоа како земји како Србија и Албанија кои никогаш блиски да свртат заедничка страница кон иднината. Ние сме на европскиот пат, но не сме глупави да мислиме дека некој друг ќе ни ги реши проблемите. А кога имате доверба лесно е да се договорите. Синоќа се договоривме се, секој од нас прифати тоа што му го предложи другиот. Ова е историја и ќе ни се отворат безброј можности. Ова е вперено кон само една цел: нашите граѓани да живеат подобро, рече Вучиќ.

Орце Костов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1