ММС

Објавено на: 07/29/21 9:21 AM

(Видео) Беснееат пожари во близина на Анталија – Евакуирано е населението!

Неколку шумски пожари избија во популарното туристичко место Анталија, Турција, изјави локален претставник за турската CNN.

Според Мустафа Jигит, службеник во градот Манавгат, три градски области биле евакуирани.

На снимката се гледа темни облаци од чад и пламени високи неколку метри.

Пожарот започнал да се шири од шумата во областа Манавгат, па поради силниот ветер, тој брзо се проширил, па ги зафатил и другите населените места.

62 лица биле хоспитализирани, главно жители кои вдишале чад и три лица кои се здобиле со изгореници.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, исто така, вети темелна истрага и целосна неопходна поддршка и помош.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1