ММС

Објавено на: 07/29/21 8:55 AM

Хороскопски парови кои не би требало да се венчаваат

Според астрологијата, луѓето родени во одредени хороскопски знаци не треба да се венчаат бидејќи нивниот брак може да заврши лошо.

Еве кои хорскопски знаци не одговараат да се во брак:

Овен и Рак

Бракот помеѓу Овен и Рак би завршил со солзи. Понекогаш различни луѓе можат добро да се сложуваат, но понекогаш и не. Ова важи за луѓето родени во знакот Овен и Рак. Иако нивниот брак ќе оди добро и на почетокот ќе изгледа ветувачки, Овенот подоцна ќе стане премногу доминантен за нежниот Рак. Астролозите советуваат овие знаци да не застануваат пред олтар.

Бик и Риби

Нивниот брак ќе трае околу шест месеци. Единствената неизбежна работа во нивниот брак е потпишување на документ за развод. Разликите во соништата и амбициите се она што ќе ги раздели Бикот и Рибите. Бик сака успешна кариера и почитуван семеен живот. Рибите, пак, се послободни по дух и не сакаат да живеат според туѓите очекувања.

Близаци и Јарец

Овој пар има различни слабости, а еден од најголемите проблеми со кои можат да се соочат е недостатокот на комуникација и подготвеност за компромис кога станува збор за некои клучни работи. Близнаците сакаат брз живот, а Јарецот сака кога нивниот живот е организиран и систематски. Нивниот брак нема да трае долго.

Лав и Шкорпија

Спојот на Лав и Шкорпија е рецепт за неуспех. И двата хороскопски знака се крајно тврдоглави и секогаш сакаат да им биде така. Имаат исклучително силни личности, па нивниот брачен живот е незамислив. Лав и Шкорпија поголемиот дел од своето време го поминувале во брак расправајќи се.

Девица и Стрелец

Луѓето родени во овие знаци треба да си заштедат време и да избегнуваат врска едни со други за да не им се скрши срцето на крајот. Девицата и Стрелецот немаат многу заедничко и не се многу трпеливи луѓе, особено кога станува збор за слушање и разбирање на туѓите проблеми и драми.

Вага и Водолија

Вагите и Водолиите можат да бидат одлични придружници едни на други, но тоа е сосема друга приказна кога станува збор за романтична врска. Кога врската ќе стане поинтензивна и посериозна, несериозноста кај двата знака ќе ги сврти едни против други и ќе се откријат сите расправии во нивната врска.

 

Извор: Задоволна.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1