ММС

Објавено на: 07/28/21 8:30 PM

Со бременоста се спасувам, сега чекам четврто дете – Ќерката на Синан Сакиќ боледува од рак

Ѓулкица Сакиќ, ќерка на починатиот пејач Синан Сакиќ, моментално живее со своето семејство во швајцарскиот град Базел. Иако ретко дава изјави за медиумите и води потполно мирен живот, овој пат ја отвори душата и откри дека неодамна дознала дека боледува од рак.

– Лекарите во Базел ми дијагностицираа рана форма на рак на матката, но исто така ме советуваа дека би било најдобро да останам бремена, бидејќи бременоста може да ме спаси од понатамошен развој на рак, хемотерапија, зрачење. Тоа беше вистински шок за мене, но кога се освестив, сфатив дека тоа е сепак добар излез од таа ситуација. Со тоа се согласи и мојот сопруг, а јас треба да се породам во септември – рекла Ѓулкица и додала дека сега се чувствува одлично и дека наскоро со сопругот ќе добие четврта ќерка.

– Прво, не сакав ништо да и кажам на мајка ми, а потоа и реков дека сум бремена, но и причината зошто одлучив да забременам. Јас веќе имам три ќерки, а сега ја чекаме четвртата. Пресреќна сум поради тоа, и болеста се повлече – изјави таа за „Expresstabloid“.
Извор: Блиц.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1