ММС

Објавено на: 07/28/21 6:22 PM

Сообраќајка во Автокоманда, верижен судир на три возила

Пред малку се случи сообраќајна несреќа на влез во Скопје, пред населбата Автокоманда. Станува збор за верижен судир на три возила, поради што сообраќајот на булеварот беше закочен подолго време и се создаде голема колона.

 

ММС побара информација од МВР за детали но од таму ни рекоа дека детална информација сеуште нема, бидејќи полицијата е на терен.

-Има сообраќајка со три возила, која се случила пред еден час и полицијата врши увид. Ова е првична информација, за подетална информација  ќе информираме подоцна, ни рекоа од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1