ММС

Објавено на: 07/28/21 5:04 PM

Гром предизвика голем пожар над Кочани – Брзо се шири во правец кон градот

Попладнево околу 16 часот избувна голем шумски пожар во подножјето на Осоговските Планини, на околу еден километар над Кочани. Првичните сознанија укажуваат дека пожарот е предизвикан од удар на гром, а сувата вегетација дополнително придонесува за неговото брзо ширење.

Огнот зафати борова шума на површина од околу 10 хектари, а помогнат од силниот ветер брзо се шири во правец на градот и најверојатно ќе зафати поголема шумска површина.

– На терен се наоѓаат екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани, кои со две возила и четири пожарникари се обидуваат да го контролираат ширењето на огнот. Истовремено нашите колеги интервенираат на пожар кај селото Бања во општина Чешиново-Облешево и единицата не е комплетна за интервенцијата во Кочани. Поради тоа ги повикавме и колегите од Штип и Виница, истакна Благој Паунов, команир на ТППЕ – Кочани.

На истата локација имаше пожар и пред една седмица, при што изгоре шума на површина од 10 хектари.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1