ММС

Објавено на: 07/28/21 3:58 PM

Нема починати лица, нови 47 случаи со Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.593 тестирања, а регистрирани се 47 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 19, Тетово – 11, Куманово – 6, Битола – 3, Прилеп, Струмица и  Валандово – по 2, Велес и Гостивар по – 1, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Оздравени сe 14 пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 5, Куманово и Струмица – по 1. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 3.593 тестови преку: ИЈЗ-110, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-59, ЦЈЗ Прилеп-28, ЦЈЗ Тетово–29, ЦЈЗ Куманово–31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 8, ГОБ 8-ми Септември-16, Институт за микробиологија–21, Жан Митрев (Филип Втори)-61, Авицена-207, Биотек-105, Систина-62, лабораторија Лаор-306, Синлаб-119, Ремедика-10, Плодност–31, Генеа–7, Никоб лаб-500, ВФВ Медикал-23, Ели Медика-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.792.

Досега во земјата се направени вкупно 963.049 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 156.171 бројката на оздравени пациенти е 150.321, на починати е 5.491, а на активни случаи изнесува 359.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1