ММС

Објавено на: 07/28/21 3:18 PM

Украле обетки од покојна во капелата во Штип

Почината штипјанка испратена во вечниот дом без обетките – соопштија денеска од СВР Штип.  Морбидната кражба се случила во капелата во Штип, но се’ уште не се знае дали обетките ги зел некој од „ужалените“ кои дошле да ја испратат или некој друг.

Случајот во полиција е пријавен во саботата.

-На 25.07.2021 во 11.12 часот во СВР Штип било пријавено дека ноќта на 24/25.07.202 во градската капела во Штип едно лице одзело златен накит од починато женско лице – информираат од полицијата.

Портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова за ММС кусо изјави дека екипите веќе направиле увид на местото на настанот и работат на расчистување на случајот, односно откривање на сторителот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1