ММС

Објавено на: 07/28/21 1:15 PM

Потпечени пиперки со сирење и павлака – Рецепт за брз и лесен ручек!

Вака подготвените пиперки можете да ги послужите топли или ладни, со јогурт или со сезонска салата, изборот е ваш!

Состојки:
8 пиперки

300 грама сирење

2 јајца

2 домата

сол и бибер

малку зејтин

магдонос

Подготовка:

Измијте ги пиперките, извадете ја дршката и отстранете ги семките, па пресечете ги на половина. Редете ги во подмачкан плех.

Во чинија заматете јајца, додате им павлака, сирење, сол и бибер, па добро изматете ја смесата. Со оваа смеса полнете ја пиперката.

Измијте го доматот, исечете го на кругови и ставете ги одозгора врз пиперката. Попрскајте ги пиперките со масло и ставете да се печат во рерна на 180 степени . По желба, украсете ги пиперките со магдонос.

Служете ги со јогурт или сезонска салата.

Добар апетит!


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1