ММС

Објавено на: 07/28/21 12:05 PM

Малолетник од Свети Николе тешко повреден при судир на мопед и автомобил

Сообраќајна несреќа во Свети Николе, повреден малолетник, информираат од полицијата.

– Вчера во 20.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на крстосницата од улиците „Маршал Тито“, „Филип Втори“ и „11 Октомври“ во Свети Николе се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „априлиа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Свети Николе и патничко возило „мазда“, со германски национални ознаки, управувано од И.Н.(29) од Свети Николе. Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил сопатникот, констатирани во ЈЗУ Свети Николе. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе, информираат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1