ММС

Објавено на: 07/28/21 12:17 PM

(Видео) Купила камери за да ги надгледува мачките во станот, па го „фатила“ сопственикот: Ќе го пријавам, ова не е првпат

Учителката Тиша Меклоуд живее во изнајмен стан, во кој одлучила да стави камери за да може да гледа што прават нејзините мачки кога таа не е таму, но и за да има доказ доколку некој влезе во станот без нејзина дозвола. Едната камера ја ставила во собата за дневен престој, а другата во спалната.

Кога ги прегледувала снимките непријатно се изненадила, откако забележала дека сопственикот на станот скришум доаѓа таму, знаејќи дека таа тоа не го сака. На видеото забележала како тој влегува во спалната и ја мириса нејзината постелнина – потег кој згрозил многумина.

Потоа тој ги вратил перницата и прекривачот на местото, се упатил кон излезот, но баш во тој момент влегла пријателката на 24-годишната учителка, со која всушност се договориле дека таа ќе се грижи за нејзините мачки додека ја нема.

На зачудената пријателка, сопственикот на станот и’ рекол дека дошол да ги провери мачките и да им даде храна – не знаејќи дека тоа е нејзина обврска.

Тиша ги објавила снимките од камерата на ТикТок и открила дека случајот го пријавила во полиција. Нагласила дека ќе се отсели во прва прилика, бидејќи ова не било првпат сопственикот да доаѓа во станот додека таа не е таму.

@tyishamacleod

Let’s just say, I’ll be moving and getting out of my lease! Like for part 2! #creepy #landlordsfromhell #pt1 #foryoupage #canada🇨🇦🇨🇦

♬ Oh No – Kreepa

 

Извор: telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1