ММС

Објавено на: 07/28/21 11:55 AM

Измерени над просечни температури – Не излегувајте од дома ако немате потреба!

Денеска во Македонија измерени над просечни температури за овој период од годината.

Наместа на долж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло. Утринските температури ќе се движат од 14 до 23 степени, а дневните од 33 до 41 степен. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со утринска температура до 20 степени, а дневна до 40 степени.

Во понеделник ќе дува засилен претежно северен ветер кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите повеќе во северните делови од земјата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1