ММС

Објавено на: 07/28/21 11:33 AM

Голема полициска акција во Сингелиќ – Уапсени 12 лица

Голема полициска акција се спроведува од рано изутрината во Сингелиќ и на други локации, за апсење на лица вмешани во трговија со дрога и оружје, потврдуваат за МИА извори блиски до истрагата.

Видливо е полициско присуство во Сингелиќ и на други локации, а според изворите од истрагата приведени се 12 лица, а меѓу нив и еден полицаец.

Од МВР потврдуваат дека има акција и дека таа се уште во тек, а информации најавуваат откако акцијата ќе заврши.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1