ММС

Објавено на: 07/28/21 10:46 AM

Милионерката прозборе за своето момче од соништата – Парис Хилтон е бремена ?

Парис Хилтон, наследничката на милионската империја и нејзиниот вереник Картер Реум, наводно го очекуваат првото дете.

Двојката веќе подолго време работи на проширување на семејството, а Парис на почетокот на оваа година откри дека во јануари била на инвитро оплодување.

Тоа е моето момче од соништата … Картер е 100 проценти тоа. Постојано зборуваме за нашата венчавка, за тоа како ќе се вика нашето бебе – рече Парис неодамна за светските медиуми.

Да потсетиме, убавата русокоса и успешниот бизнисмен се свршија во февруари по една година врска, а Реум ја запроси Парис на приватен остров, и, и подари дијамантски прстен со смарагдни детали.

-Кога ќе ја пронајдете вашата сродна душа, не само што ја знаете – ја чувствувате. Јас и мојата љубов сме заедно од првиот состанок, а тој организираше специјално патување во тропски рај за мојот роденден. Додека излегувавме на вечера, Картер ме однесе на едно место украсено со цвеќиња и клекна на едно колено. Реков „да, да засекогаш , напиша Парис на својот инстаграм-профил.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1