ММС

Објавено на: 07/27/21 9:55 PM

Сите ја обожаваат – Вистинскиот рецепт за Цезар салата

Секој сака здрави оброци, исецкани на парчиња со големина на залак, кои лесно се пакуваат и можат да носат на работа за ручек.

Потребни состојки:

сланина 100 гр

пилешко филе 200 гр

пармезан 30 гр

лук 3 чешниња

тост леб 2 парчиња

марула една главица

шери домат по желба

павлака по потреба

мајонез по потреба

сок од лимон од еден лимон

прелив: маслиново масло, бибер, сол

Подготовка:

Спржете ја сланината на тефлон, извадете ја и ставете ја на салфетка да се исцеди. Пржете го пилешкото и исечете го на ленти. Во маснотијата од сланината пржете коцки леб и лук и ставете ги на салфетка. Изматете го маслиновото масло со сок од лимон, додајте сол и бибер, а потоа прелијте ја сечканата марула. Ставете пилешко, сланина, тост леб, шери по желба, пармезан и прелијте со павлаката измешана со мајонез.

Извор: Recepti,zena.blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1