ММС

Објавено на: 07/27/21 9:07 PM

(ВИДЕО) Во Италија паѓаше град со големина на тениско топче

Град со големина на тениско топче е причина за привремено прекинување на сообраќајот на автопатот недалеку од градот Модена, на северот од Италија, каде е предизвикана материјална штета на автомобилите.

Снимките емитувани на локалните медиуми покажуваат невреме проследено со град и автомобили чии шофершајбни биле разбиени од ударите.

Метеорологот Лука Ломброзо рекол дека бурите придружени од градот се честа појава во текот на летото во долината на реката По, но дека силата и фреквенцијата на невремето со град оваа година се „многу невообичаени“.

– Во Италија се соочуваме со последиците од климатските промени, на што укажуваат чести и многу ненадејни бури, кратки и интензивни врнежи од дожд, и промени од сончево време во бурно време – се наведува во соопштението на организацијата за заштита на земјоделството Колдирети.

Според претпоставките на Колдирети, околу 14 милијарди евра штета на земјоделското производство, капацитети и инфраструктура се предизвикани во изминатата деценија поради настаните предизвикани од климатските промени.

Колдирети посочува дека резултатите од нивните анализи укажуваат дека ова лето, бури придружени со град се случуваат секој единаесетти ден и дека 386 од нив се регистрирани од почетокот на годината.

Извор: Вјести.ба

Фото: Твитер


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1