ММС

Објавено на: 07/27/21 6:58 PM

Коњаниците тргнаа за Крушево

Тргнаа коњаниците што ќе учествуваат на 43-тиот традиционален коњички марш, по повод националниот празник Илинден. На маршот што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“ учествуваат 20 коњаници од различна возраст, меѓу кои и две девојчиња. Тие тргнаа кон Крушево  од паркот „Јане Сандански“, а потоа со дефиле низ главните булевари во Аеродром се упатија кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче.

Општина Аеродром финансиски го поддржуваа коњичкиот марш повеќе години, бидејќи Илинденскиот марш е една од најголемите и најзначајни културни манифестации во Аеродром.

Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1