ММС

Објавено на: 07/27/21 6:14 PM

Тетовец му се претставувал како лекар на охриѓанец и му зел 40 илјади денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М.(45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, информираат од МВР.

Тој, со намера да прибави противправна имотна корист, на 27.06.2021 довел во заблуда повозрасен жител на Охрид, на кого, во телефонски разговор, лажно претставувајќи се дека е лекар што го лекувал, му кажал дека треба да му помогне на неговиот внук и притоа, побарал и добил 40.000 денари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1