ММС

Објавено на: 07/27/21 3:26 PM

Шумски пожар беснее во близина на Атина: Властите ги евакуираат жителите

Грчките власти ги евакуираа луѓето од неколку подрачја северно од Атина откако избувна шумски пожар кој би можел да се прошири и до куќите, и покрај акцијата на пожарникарите – јавува агенцијата АП.

Пет канадери и четири хеликоптери биле користени денеска за гаснење на пожарот 30 километри североисточно од Атина – објави Катимерини.

Жителите на ова подрачје добиле предупредување на своите мобилни телефони и повикани се вратите и прозорците да ги држат што подолго затворени за да не бидат изложени на чадот, но и да спречат искри да го запалат внатрешниот дел на куќите.

На терен биле испратени 68 пожарникари и 22 пожарникарски возила. Силниот ветер ја отежнува акцијата за гаснење – пренесува Катимерини.

 

фото: Илустрација  / pixabay

 

Извор: blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1