ММС

Објавено на: 07/27/21 2:19 PM

Гранде Пандев денеска полни 38 години, а подарок му беше учеството на Еуро2020

Легендарниот македонски фудбалер и довчерашен капитен на македонската репрезентација, Горан Пандев денеска полни 38 години. Гранде Пандев, можеби најдобриот играч во македонската фудбалска историја ја заврши репрезентативната кариера до настапот на Еуро2020 што му беше и најголема роденденска желба, а ќе ги закачи копачките на клин и ќе замине во фудбалска пензија откако ќе одигра уште една година во редовите на Џенова.

Најголемиот успех во дваестгодишната кариера во Серија А му се шампионските титули во Серија А и во Лигата на шампионите во 2010 година во дресот на Интер.

За националната сениорска селекција севкупно забележа вкупно 38 голови во 122 настапи.

Неговиот клуб и УЕФА не го заборавија и му го честитаа роденденот со видеа на социјалните мрежи.

 

 

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1