ММС

Објавено на: 07/27/21 2:09 PM

Сребро што зјае како злато – Дејан Георгиевски и донесе олимписки медал на Македонија по пауза од 21 година

Дваесет и две годишниот таеквондист Дејан Георгиевски не успеа да го освои златниот медал во финалето на таеквондо турнирот на Олимписките игри во Токио, но обезбеди сребрен медал кој го има истиот сјај како и највисокото одличје затоа што на Македонија и го донесе вториот олимписки медал по пауза од 21 година.

Пред точно 21 година и бронзата на Мохамед Ибрахимов во борење на ЛОИ во Сиднеј, Дејан Георгиевски и донесе нова радост на Македонија.

22-годишниот Дејан загуби од Владислав Ларин од Русија со 15-9 и е новиот вицешампион во категоријата до 80 килограми.

 

О.К.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1