ММС

Објавено на: 07/27/21 1:44 PM

Вирусот ги раздели: Актерката Кејт Бекинсејл не ја видела ќерка си две години

Пандемијата влијаеше на секого, па така и на славните. Викендов актерката, Кејт Бекинсејл откри дека поради рестриктивните мерки не ја видела својата ќерка цели две години. Актерката овој викенд на аеродромот во Њујорк ја пречека својата дваесетгодишна ќерка Лили Шин, која ја доби со поранешниот сопруг Мајкл Шин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by lily sheen (@lily_sheen)

„Фала му на Бога за видео повиците. Ќерка ми не сум ја видела две години“, изјави актерката. Иако ова им беше прва средба по две години, мајката и ќерката не покажаа многу емоции во јавност.

„Мислам дека е лудо да не си го видиш детето две години“, додаде Кејт.

 

Фото: Инстаграм /  katebeckinsale

Извор:   nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1