ММС

Објавено на: 07/27/21 10:39 AM

Децата покрај мене повеќе не се агресивни – Сопругот на Тања Савиќ тврди дека пејачката ги малтретира своите деца

Пејачката Тања Савиќ дури неодамна успеа да ги донесе своите синови во Србија, откако нејзиниот сè уште легален сопруг Душан Јованчевиќ, како што рече, ги однел во Австралија без нејзино знаење.

Сепак, оваа семејна драма не завршува тука. Сè уште законскиот сопруг на Тања Савиќ, Душан, ја обвинува пејачката дека ги вознемирувала нивните синови психички и физички.

Тој изјавил дека Тања им забранува да разговараат со него.

Како доказ за неговите тврдења, дека Тања наводно го изгребала нивниот син,  испратил фотографии од детето до редакција на Блиц.рс кои покажуваат дека има лузна што изгледа како да е направена многу порано.

Душан одговорил: „Сè се случи пред десет дена, мојот син дури сега ми покажа што му сторила“. По овој повод, Тања Савиќ за Блиц.рс ја раскажала својата страна од приказната.

– Знаеме ние со што се знимава тој, најави дека ќе им даде сè на медиумите. Ние знаеме како тој функционира и каква е неговата ментална состојба. Само не ми е јасно како на вас не ви е јасно и како верувате на човек кој има нарушување на личноста. Пред некој ден ми се јави и ми рече „Те сакам, чекај ме, сакам да дојдам и да живеам со тебе“, одговорив дека не доаѓа во предвид, дека може да ги гледа децата, но јас навистина не сакам ништо со него. Вети дека ќе се смени, но тој има образ како ѓон и јасно ви е за каков човек се работи- рече Тања и додаде:

– Денеска сум најдобра, а утре сум најлоша. Денес тој ме сака, а потоа јас сум манипулатор. Не би продолжила, сакам мирен живот. Децата се до мене, ништо не им недостасува. Важно е тие да бидат стабилни, да не бидат агресивни, да не фрлаат работи низ куќата како што беше случај порано. Други деца беа кога дојдоа. Тие само играа игри таму, нивната баба се грижеше за нив, тие не беа социјализирани.  А сега се е поинаку и споделуваат сè со своите пријатели, ги почитуваат постарите лица што порано не знаја што е тоа. Правам да бидат надвор што е можно повеќе, нема повеќе игри за разлика од татко ми кој им даваше само тоа да прават, ги заклучуваше во куќата и така  пораснаа. Живот на село е најздрав за децата – изјави пејачката за Блиц.рс.

 

Извор: Блиц.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1