ММС

Објавено на: 07/27/21 9:10 AM

Дејан Георгиевски и донесе олимписки медал на Македонија по пауза од 21 година

Дваесет и две годишниот таеквондист Дејан Георгиевски си обезбеди најмалку сребрен медал на Олимписките игри откако во полуфиналето го совлада фаворизираниот Кореец Ин со 12-6.

После точно 21 година и бронзата на Мохамед Ибрахимов во борење на ЛОИ во Сиднеј, Дејан Георгиевски и донесе нова радост на Македонија затоа што се пласираше во финалето на таеквондо турнирот во Токио.

Владислав Ларин од Русија ќе му биде последната пречка да дојде до златниот медал што би бил прв во историјата на Македонија по осамостојувањето.

Борбата е закажана за денес во 14 и 45 по македонско време со директен пренос на Македонската радио телевизија.

 

О.К.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1