ММС

Објавено на: 07/27/21 7:38 AM

Летаат казни за несовесните возачи во Тетово и Гостивар

Македонската полиција ги казнуваше несовесните возачи на улиците во Тетово и Гостивар, информираат од полицијата.

-Вчера д 14 до 20 часот полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои непрописно престигнуваат на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 34 возачи. 16 на територија на Тетово, а 18 на територија на Гостивар.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1