ММС

Објавено на: 07/27/21 7:04 AM

Сончево и многу топло – УХМР најавува и дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Попладнево зголемена облачност проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи има во западните планински подрачја.

До крајот на денот времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Зголемена облачност и услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи ќе има претежно во планинските подрачја на северозапад. Во текот на ноќта ведро и тивко.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1