ММС

Објавено на: 07/26/21 11:46 PM

Цело Скопје во градскиот парк на „Архангел“ и Фолхармонија – Одбележани 58 години од катастрофалниот земјотрес

Градскиот парк во Скопје вечерва беше преполн со публика на дистанца, која уживаше на хитовите на „Архангел“ и Филхармонија.  Оркестрациите на песните се на Џијан Емин и тие понудија поинаква звучна слика на песните од „Архангел“. Концертот е традиционален,  на 26 јули, насловен „Филхармонија на отворено“ а вечерва ја одбележа 58 годишнината од катастрофалниот земјотрес.

Скопјани вистински уживаа на еден ваков настан, кој ги натера да ги напуштат топлите домови и за миг да се опуштат со ладен пијалак.

Пеш, со автомобили, велосипеди, цели семејства, зедно со нив и домашните миленичиња играа и аплаудираа на безвременските хитови.

Се разбира, на ваков настан неизоставен е бисот. Актерите на сцена неколку пати со громогласен аплауз беа враќани за уште една песна.

-Се надевам дека со овој концерт ќе придонесеме нашиот град да биде уште поубав – рече фронтменот Ристо Вртев.

А така и беше, по една лоша година која ја оставивме зад нас и која ни го запре задоволството, овој концерт беше вистинско освежување. Вечерва Скопје се разбуди..

(В.М.)

Фото: Вангел Тануровски

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1