ММС

Објавено на: 07/26/21 6:48 PM

Кога треба да го испиеме последното кафе? Експертите откриваат каква грешка правиме

Дури и мала количина заостанат кофеин може значително да влијае на квалитетот на сонот.

Сите знаеме дека кафето се пие наутро, пожелно е еден час после будење и секако после доручек, а не на празен стомак. Тоа важи за првото утринско кафе, а што е важно за последното?

Д-р Елен Вора, психијатар специјализирана за сон, изјавува дека телото го обработува кафето „на половина“. Ова правило значи дека на метаболизмот ќе му требаат пет до седум часа за да процесира половина од внесениот кофеин, а потоа уште шест часа за да се процесира половина од преостанатиот кофеин.

-Кафето шкое сте го испиле во 9 часот наутро, сè уште е делумно таму во девет навечер, бидејќи половина од кофеинот е метаболизиран до 15 часот, а половина од преостанатиот внесен кофеин ќе се обработи до 21 часот. Значи, ако испивте шолја кафе во три попладне, тоа е исто како да пиете половина шолја кафе во девет навечер – рекла таа.

Дури и мала количина остатоци од кофеин може значително да влијае на квалитетот на сонот, односно ќе биде потешко да заспиеме, да се будиме повеќе во текот на ноќта и може да имаме бројни други проблеми со варењето и расположението.

-Тогаш настанува циклус на лошо спиење. Лошо спиевте и испивте повеќе кафе за да останете будни. Кофеинот во никој случај не го компензира сонот, што значи дека влегувате во циклусот – спијам лошо, пијам повеќе кафе, поради тоа спијам лошо, затоа пијам повеќе кафе – го опишала таа овој „маѓепсан круг“.

Истражувањата покажуваат дека кафето не влијае на срцевиот ритам, но тоа не значи дека не дава други симптоми ако се зема премногу. Главоболки, нервоза, проблеми со стомакот, се само некои од работите на кои можете да сметате ако пиете премногу кафе.

Кога би требало да ја испиете последната шолја кафе во текот на денот? Една студија ги анализирала податоците од луѓето кои пиеле кафе непосредно пред спиење, три или шест часа пред тоа. Оние кои пиеле кафе најрано, шест часа пред спиење, имале најмалку проблеми со спиењето. Но, експертите предупредуваат дека ова е минимум – обидете се со седум часа. Значи, ако легнете во 11 часот навечер, испијте го последното кафе во четири попладне.

Извор: Србијаданас.ком


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1