ММС

Објавено на: 07/26/21 4:43 PM

Од среда Македонија во портокалова фала, температури над 40 степени

Утре не очекува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде од среда до недела кога наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1