ММС

Објавено на: 07/26/21 3:09 PM

(Видео) Со крвава кошула проведен на сослушување – Возачот на автобусот приведен на сослушување

Возачот, кој вчера предизвика сообраќајна несреќа на автопатот кај Славонски Брод во која загинаа десет лица, денес беше донесен во окружното државно обвинителство, каде се бранел со молчење за време на испрашувањето.

Државното обвинителство сега треба да донесе одлука за понатамошниот тек на постапката, односно за тоа дали ќе му одреди притвор на возачот или ќе го ослободи. Одлуката за тоа ќе биде донесена утре наутро.

Тој пристигна во обвинителството придружуван од двајца полицајци, носеше кошула со траги од крв, носеше заштитна маска на лицето и цело време ја држеше главата наведната.
Досега полицијата утврди дека 52-годишниот косовски државјанин, кој управувал автобус со косовски национални регистарски ознаки, не се движел среде обележаната сообраќајна лента, туку  преминал накај тревата, а потоа автобусот се превртел на страна.  Според зборовите на заменикот на општинското државно обвинителство, Славко Прањиќ, кој вчера спроведе истрага на местото на несреќата кај Славонски Брод, возачот најпрво рече дека заспал зад воланот.

– Тој изјави дека заспал за момент, но тоа ќе го утврдиме подоцна – рече вчера Прањиќ.

telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1