ММС

Објавено на: 07/26/21 1:00 PM

Двајца малолетници вакцинирани во Македонски Брод

– Една од општините со најмал број пријавени и вакцинирани млади лица е Македонски Брод , каде само две лица од 12 до 17 години ја примија првата вакцина на Фајзер. Во нашата општина само две лица на возраст од 12 до 17 години се пријавија и ја примија првата вакцина против ковид 19 .Не знаеме од кои причини, но интересот на младите да се вакцинираат против коронавирусот речиси и да не постои, рече докторката и посочи дека, спротивно, постарите лица во општината се многу заинтересрани да се вакцинираат, , потврди д-р Силвана Стефаноска, лекар од Здраствениот дом во Македонски Брод.

Стефаноска посочи  дека во општината досега се вакцинирани 1.600 постари лица, а во исто време се реваквинирани 850 граѓани.

Што се однесува до вакцинирање во домашни услови на лица болни и хендикепирани, таа наведе дека кај нив ваквите посети се практикувани од почетокот на вакцинација и за нив ова не е нова работа.

-Ние вработените во Здраствениот дом во Македонски Брод од почетокот на вакцинација сме практикувале посета на лица кои поради одредени здраствени проблеми не се во можност да дојдат во домот и да се вакцинираат. Ги посетувавме во нивните домови и ги вакциниравме а такви интервенции во изминатиот период имавме над 100, додава докторката.

Посочи дека со несмален интензитет се одвива и теренската вакцинација и досега се поминати половина од селата во бродска општина.

-Од почетокот на теренската вакцинација 12 август досега во руралните средини се вакцинирани околу 350 постари лица. Бидејќи селата не се од развиен тип, екипите многу време губат по пат, инаку нивниот број ќе беше и многу поголем. Денес нашите вработени вршат вакцинација во селата Белица, Драговдол и Модриште, подвлече Стефаноска и потсети дека вакцинацијата се одвива и во Здраствениот дом, каде дневно се вакцинираат од 20 до 30 граѓани.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1