ММС

Објавено на: 07/26/21 12:51 PM

Комуналец собра 120 кубни метри отпад и исчисти стотина мини депонии во Струмица

120 кубни метри разновиден отпад собра струмички Комуналец во летната еко акција што ја спроведе викендов во градот при што се исчистени околу 100 тина мини депонии од кои 80 тина по пријава на граѓани. Беше ангажирана целосната механизација на Комуналец која собираше кабаст отпад, покуќнина но и расипана бела техника оставена или изнесена од струмичани на јавни простори иако во секое време функционира бесплатна линија на која може да пријавуват подигање на отпадот при секое реновирање

Од почетокот на годинава досега во општина Струмица беа исчистени околу 46 диви депонии што се појаувват во градот и населените места. Сето тоа е резултата на ниската еколошка свест вели Бранко Ѓеоргиев од Комуналец кој тврди дека ќе мора да се исрекуваат поригорозни казни

Со летната еко акција во Струмица беа опфатени и изленичко рекреативните локалитети Чам чифлик, трим патеката кон манастирот Св Илија но и локалнитетот околу Цареви Кули.

(В.Т.)

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1