ММС

Објавено на: 07/26/21 11:26 AM

Вкупно 25 години за Вељановски, Спировски и Јанакиески – Донесена е пресудата за 27. април

Вкупно 25 години за обвинетите во настаниот од 27. април, ваква е пресудата на Судечкиот совет од Осовниот кривичен суд Скопје за  случајот „Организаторите на 27 април“. Обвинетите   се товарат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“

Судијата Илија Трпков пред обвинетите ги изнесе доказите и ги прогласи за виновни.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинетите знаеле точно што прават и фрлиле се на една карта со единствена цел да се спречи формирање на влада од веќе обезбеденото парламентарно мнозинство.

Трајко Вељановски поранешен петседател на Собранието доби  шест години и шест месеци казна затвор.

Миле Јанакиески поранешен министер за транспот и врски доби шест години и три месеци

Спиро Ристовски поранешен министер за образование доби шест годии и три месеци

Владимир Атанасовски поранешен директор на УБК доби шест години затвор.

Во истрагата беа опфатени и екс премиер Никола Груевски и екс разузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1