ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/25/21 8:50 PM

Едно лице загина во сообраќајка кај Врбјани на патот Охрид – Кичево

Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево, во близина на село Врбјани.

Според првичните информации потврдени од полицијата, незгодата се случила околу 18:20 часот, при директен судар на две патнички возила марка „Фолксваген голф” и „Тојота”, при што смртно настрадал возачот на „голфот”.

Сообраќајот на тој дел од магистралниот пат се одвива со пренасочување по делниците од автопатот во изградба.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1