ММС

Објавено на: 07/25/21 4:30 PM

Сензација во Токио: Никој не слушнал за него во Тунис, а сега е олимписки шампион во пливање

Вториот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Токио донесе сензација на базените! Името и е Ахмед Хафнауи, има 18 години, доаѓа од Тунис и го шокираше светот.

Никој омладиот пливач од Тунис не го очекуваше во финалето на трката на 400 метри слободен стил, но тој некако успеа да се втурне како осми во борбата за медалите. А, тамо со резултат 3:43,26 минути освои златен медал и ги победи фаворизираните Австралијци и Американци.

„Кога го допрев базенот и видов дека сум прв бев изненаден! Кога влегов во водата не мислев на времето, само на медалот. Плачев кога го видов знамето на мојата земја и ја чув химната во позадина. Така сум горд на сите во Тунис!“, истакна после трката Хафнауи.

Зад него се пласираше Џек Меклофлин од Австралија, а САД се задоволи со бронзата на Кјеран Смит кој после трката го прашаа што знае за победникот:

– Апсолутно ништо не знам – рече Смит.

Хафнауи ќе се натпреварува и на 800 метри, а останува да се види дали може дан направи ново изненадување.

 

Фото: www.mediotiempo.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1