ММС

Објавено на: 07/25/21 12:16 PM

(Видео) Девет патници и еден од возачите загинале во сообраќајна несреќа откако автобус излетал на автопатот Загреб – Белград

Девет патници и еден од возачите загинале, а осуммина се потешко повредени во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Белград откако автобус со косовски регистарски табличи од засега непознати причини излетал од коловозот.

Директорот на Цивилната заштита на Хрватска, Дамир Трут потврди дека во автобусот имало 67 патници и двајца возачи.

„За жал, девет патници и возачот кој во тој момент не возел, загинале. Во Општата болница во Славонски брод се примени 44 патници кои добиле лекарска нега. Од нив, осуммина се потешко повредени, четворица се веќе оперирани, а останатите добиваат помош. Останатите 14 патници и еден од возачите се тука во полициска станица и чекаат сместување во објект“, изјави Трут.

Порталот 24sata.hr неофицијално дознава дека возачите на автобусот одмарале после граничниот премин Брегана близу Словенија на половина час. Потоа се замениле и се претпоставува дека несреќата се случила поради заморот на еден од возачите.

– Во 6 часот и 22 минути примивме повик дека автобус со косовска регистрација кој се движел на релација Франкурт – Приштина слетал од автопатот. Сум бил сведок на разли сообраќајни несреќи, но оваа е една од најтешките кои сум ги видел во животот – истакна Фрањо Галиќ, началник на сообраќајната полиција на Славонски Брод.

извори: Jutarnji.hr, 24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1