ММС

Објавено на: 07/25/21 10:53 AM

После 50 години се обновува патот Ресен – Охрид преку националниот парк „Галичица„

„Освен што ќе се подобри квалитетно патното поврзување меѓу овие два града, ќе добиеме современа патна инфраструктура која ги поврзува двата најзначајни туристички центри во земјата – Охридскиот и Преспанскиот. Со тоа на туристите ќе им се овозможат соодветни современи услови за патување и за посета на туристичките капацитети на двете страни од националниот парк „Галичица”, потенцираше премиерот Зоран Заев по повод почетокот на работите на реконструкцијата на регионалниот пат Ресен-Охрид, на делницата од Отешево до приклучувањето на патот Охрид – Св. Наум преку националниот парк „Галичица”.

Првата фаза е делницата на патниот правец од Царина Отешево до превојот на Галичица во должина од 14,9 километри. Вредноста на инвестицијата на оваа делница изнесува 60 милиони денари, по што ќе продолжи и реализацијата на втората фаза од превојот на Галичица до приклучувањето на патниот правец Охрид – Свети Наум во должина од 15 километри за што се предвидени уште 60 милиони денари.

Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски потсети дека овој патен правец, кој се обновува после повеќе од 50 години и дека неговата ревитализацијата е од огромно значење за Преспанскиот Регион и е причина плус, туристите да ја посетат Преспа и националниот парк „Галичица” и преку целата година да уживаат во недопрената природа.

О.К.

фото: Влада


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1