ММС

Објавено на: 07/24/21 4:19 PM

Драматично видео од рушење на мост – Камионот стигнал до средината на конструкцијата, а потоа го проголта водата

На социјалните мрежи се појави видео од источна Русија, на кое се гледа како се урива поплавен висечки мост додека камион го минува.

Видеото е снимено во селото Уријум, источно од Москва, а на него се гледа како камион се приближува до дрвениот мост, а потоа се обидува да ја премине неговата тесна и разнишана конструкција.

Кога стигнал до средината, конструкцијата која била направена да го замени мостот уништен од претходната поплава, започнал да се руши и на крајот се сруши во реката носејќи го возилото со себе. За среќа, возачот преживеал, пренесува Sky News.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1