ММС

Објавено на: 07/24/21 1:34 PM

Нема починати пациенти – Нови 37 случаи со Ковид-19

Од направени 4.264 тестирања во последните 24 часа регистрирани се нови 37 случаи на Ковид-19.

Оздравени се вкупно 10 пациенти, а нема починати пациенти, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи во Тетово се 13, во Скопје 12, во Велес 3, во Гостивар, во Прилеп и Струмица по 2, Охрид, Свети Николе и во Делчево по 1.

Регистрирани сe 10 оздравени пациенти од Скопје 5, Кичево 2 и Тетово, Струмица и Берово по 1.
Направени се 4.264 тестови преку: ИЈЗ-96, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-93, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–17, ЦЈЗ Куманово–21, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–10, Жан Митрев (Филип Втори)-66, Авицена-223, Биотек-166, Систина-103, лабораторија Лаор-443, Синлаб-49, Ремедика-16, Плодност–51, Генеа–6, Никоб лаб-905, ВФВ Медикал-26, Ели Медика-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.880.
Досега во земјата се направени вкупно 949.011 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.054, бројката на оздравени пациенти е 150.273, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 292.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1