ММС

Објавено на: 07/24/21 1:00 PM

(ВИДЕО) Општина Неготино ја затекнавме во огромни долгови, сега нема ниту еден долг, истакна градначалникот Делков

Гостин во „Стадион“ денеска беше и градоначалникот на општина Неготино, Тони Делков.

На прашањето од читател зошто не е направен ниту еден кружен тек во Неготино, градоначалникот Делков рече дека оптшина Неготино ја затекнале во големи долгови.

-Во 2017 година општина Неготино наследи 117 милиони денари долг и еден милион кредит од Светска банка, цели две години колку што се сите приходи од граѓаните, толку беше должна општина Неготино. Направивме рестрикции, со раздолжување од 50 %. Ги скративме сите расходни страни, за по три години да кажеме дена општина Неготино нема долгови. Неготино се раздолжи. „Комуналец“ беше затекната со заостанати четири плати и без здравствено осигурување. Сега „Комуналец“ е ликвидно, вратени се платите и вработените добија здравствено осигурување. Општата гимназија беше затекната со 300.000 евра долг. Долговите беа показател на претходното работење.

Во врска со изградбата на кружниот тек, градоначалникот истакна дека фирмата е избрана за изградба, тендерот е завршен, за недела дена почнува изградбата.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1