ММС

Објавено на: 07/24/21 11:05 AM

Најстарото дете на Анџелина можеби не било сираче и било продадено – Шокантно тврдење на близок пријател на актерката

Поранешниот пријател на Анџелина Џоли открива дека не е 100 проценти сигурен дека нејзиното најстаро дете било сираче кога актерката ја посвоила.

Сарат Мунх во тоа време водел непрофитна организација во Камбоџа и дури и помогнал на оскаровката да го посвои синот Медокс.

Легитимноста на посвојувањето на 19-годишното момче е доведена во прашање откако актерката вети дека ќе открие која е Лаурин Галиндо, жената зад неколку наводни неетички посвојувања во Камбоџа, но до ден денес не го стори тоа. Исто така, Лаурин е личноста која го водела посвојувањето на Медокс.

Мун зборувал за својата поранешна пријателка, додавајќи дека некои претпоставуваат дека биолошките родители на Медокс можеби биле живи за време на неговото посвојување и дека можеби го продале и за сто долари.

– Не сум 100% сигурен дека Медокс бил сираче, иако во тоа време бил во сиропиталиште. Барем еден од родителите можеби бил жив за време на неговото посвојување. Но, никогаш не поставував прашања, никој не постави – рекол Сарат, пишува Дејли меил.

Тој тврди дека тој лично се претставил како вистински татко на Медокс, со цел да го забрза процесот на посвојување.

– Тоа се случуваше често во Камбоџа. Имаше многу бебиња што нивните родители ги оставија во сиропиталиштата или ги продадоа затоа што не можеа да си дозволат да ги одгледуваат – вели тој.

Кек Галибру, шеф на агенцијата за човекови права наречена „Ликадхо“, исто така веруваше дека Медокс не бил сираче за време на посвојувањето.

– Сигурен сум дека ова дете не беше вистинско сираче и дека не беше напуштено – рекол тој порано.

Анџелина сè уште не се огласила за ова прашање.

Извор: Телеграф.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1