ММС

Објавено на: 07/24/21 9:30 AM

(ВИДЕО) Нема да поднесам тужба за 27-Април, иако бев повреден – Да одговараат нарачателите, а еден од нив е Груевски, вели Димитриевски

Во денешната емисија на „Стадион“ гостин е градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

На прашање дали планира да поднесе тужба во врска со случувањата на 27 април, Димитриевски рече за 27 април очекува да се утврди реалната фактичка состојба.

-Немам намера да поднесувам тужба за 27 април и нападот во Собрание кога бев пратеник. Бев свесен дека таквата состојба може да донесе таков исход. Сакам само да одговараат тие кои беа нарачатели на случувањата, а еден од нарачателите е надвор од државата, а тоа е Груевски, рече Димитриевски.

Иако бил повреден и има извадено лекарско уверение за тоа, тој нагласи дека остава државата да го реши тоа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1